23.05 2007 Свечено отварање на Галафарм - фабрика за производство на фармацевтски и козметички производи.
Отварањето на овој импозантен објект со сите услови за високопрофесионално работење, Галафарм го обележи со Гала коктел на кој присуствуваа околу 250 гости, деловни соработници, колеги и пријатели.
Свечената церемонија започна со поздравен збор на генералниот менаџер дипл.фарм.спец Елеонора Спасовска и поздравен збор на Министерот за здравство на Р.Македонија - г-дин Имер Селмани кој ја пресече лентата и со овој чин официјално се означи отварањето на фабриката.
Во пријатен амбиент, во дворот на фабриката, со пријатна музика од виолината, гостите имаа можност да се забавуваат и да ја разгледаат фабриката.
Благодарност за успешната соработка до: Студио Реверса , Ресторан 14 и сите кои учествуваа во реализација на овој настан.
|