SILK® колекција за депилација и нега на коса


SILK DEPIL MK GRUPNA1

 

SILK® цврст восок во пелети за депилација на лице и тело
Восок во гранули за традиционална топла депилација:
- Eфикасно, лесно и речиси безболно ги отстранува од корен несаканите влакна на лицето и телото
- Посебно погоден за депилација на осетливите места, како и за отстранување на кратките, дебели и отпорни влакна
- Особено ефикасен за бикини линијата                                             
- Кожата ја остава мазна и свежа заради истовремениот благ пилинг
- Ефект кој трае и до 6 недели
- Погоден за сите типови на кожа
Пакување: 100 g
aaaaa SILK® ленти за депилација на лице и тело со екстракт од невен и сончогледово масло
Ладна депилација за ефикасно, лесно и речиси безболно отстранување од корен на несаканите влакна
- Содржат формула збогатена со комбинација на екстракт
од невен и сончогледово масло, која ја смирува и омекнува кожата, оставајќи ја мазна, мека и нежна по секоја употреба
- Ефект кој трае и до 4 недели
- Погодни за депилација на лицето и телото
- Едноставни за употреба
- Наменети за сите типови на кожа
Пакување: 20 и 200 поединечни ленти
SILK® ROLL-ON природна смеса за депилација на тело
Природна депилација за отстранување на несаканите влакна од корен, без додадени парфеми и без парабени

- Кожата останува мазна и нежна и до 4 недели
- Прецизно и дозирано се нанесува со помош на roll-on апликаторот
- Лесно се отстранува со вода
- Погоден за сите типови на кожа
Пакување: 140 ml

 
SILK® крема за депилација на тело со уреа
- Брзо, ефикасно и безболно ги отстранува несаканите влакна од телото
- Збогатена e со уреа, ја омекнува и хидратира кожата.
- По депилацијата, кожата е мека, мазна и освежена
- Пакувањето содржи и шпатула за нанесување и отстранување на кремата
Пакување: 100ml
 

 

SILK HIDROGENI I PANTENOL1

 

SILK® ПАНТЕНОЛ раствор и спреј 5% за нега на сува, груба и испукана кожа

Пантенол или Про-витамин Б5 е природен витамин добиен од растенија, кој што поседува многубројни позитивни дејства врз кожата, косата и ноктите. Навлегува длабоко во кожата каде што се абсорбира во клетките и преминува во својата активна форма, пантотенска киселина (Про-витамин Б5) при што и ја надополнува природната влажност на кожата, ја омекнува и и го враќа младешкиот изглед. Пантенолот е моќен хумектант кој помага во олеснување на симптомите при поблаги кожни иритации и воспаленија предизвикани при бричење, депилација или други козметички третмани.

- Помага при обновување на кожата и одржување на нејзината природна влажност и еластичност, особено по изложување на сончеви зраци
- Ја смирува и омекнува кожата после бричење или депилација
- Се препорачува и за нега на сува и оштетена коса.
- Oсобено практичен за прецизно дозирање

Пакување: Раствор/спреј 100 ml/ 120ml

aaaaa

SILK® ХИДРОГЕНИ раствор и кремаза развивање боја и белење на косата

Доколку барате брз и едноставен начин да ја осветлите Вашата коса, да нагласите прамени од природната боја или пак да ја постигнете посакуваната боја на косата, SILK® хидрогените се совршен избор за Вас. За сјајна и чувана косa, за развивање на боја на коса, за осветлување на косата, хидрогените обезбедуваат заштита и нега на косата. Достапни се во раствор и крема од 6 %, 9 %, и 12%.

Пакување: 100 ml

 

  

Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia