SENSILIS® face & lip care колекција за нега на лице и усни

 

Sensilis® колекцијата за нега на зрела кож аe збогатена со револуционерните компоненти Ресвератрол (екстракт од црвено вино) и биоактивен тетрапетид-21 (природно присутен во протеините на кожата). Ресвератрол е моќна активна компонета добиена со екстракција од црвено вино, произведено на плантажите во Франција. Ресвератролот ја штити кожата од штетното УВ зрачење, помага при воедначување на тенот, ја намалува појавата на брчки, ја затегнува кожата и ги измазнува ситните линии околу очите, устата и на челото. 

Според добиените резултати од научните истражувања, Ресвератрол:
- Ја намалува појавата на брчки: до 61%

- Ги измазнува ситните брчки и линии околу устата: до 55 %
- Ги измазнува ситните брчки и линии околу очите: до 51 %
- Го изедначува тенот на кожата: до 61 %
Биоактивниот тетрапептид -21 е активната компонента од протеините кој што се природно присутни во кожата на човекот, тој го поттикнува обновувањето на најзначаните компоненти на кожата и поседува моќен потенцијал за заштита на кожата од стареење.

Според добиените резултати од научните истражувања Тетрапептид-21:
- Ја подобрува еластичноста на кожата: до 41 %
- После 4 недели употреба видливо ја подобрува структурата на кожата и ја намалува видливоста на брчки и старечки дамки.

 

SENSILIS FACE CARE1

 

SENSILIS® FACE CARE дневна крема SPF 15 со UVA и UVB заштита

Sensilis® Face Care дневната крема длабински ја хидратира кожата и помага во подобрување на нејзината еластичност, ги измазнува постоечките и ја намалува појавата на нови брчки и линии.

- Ја намалува појавата на брчки и линии на кожата
- Збогатена со Ресвератрол (екстракт од црвено вино), Тетрапептид и Витамин Е
- Наменета за сите типови на кожа

Пакување 50 ml

aaaa

SENSILIS® FACE CARE 2 in 1 тоник за чистење на лице

Sensilis® Face Care тоникот за чистење на лицето нежно ја чисти и ревитализира кожата, го одржува нејзиниот природен баланс и го враќа нејзиниот природен сјај. Помага во спречување на предвремено стареење на кожата.

- Ги отстранува нечистотиите и шминката во еден чекор
- Ja тонира и хидратира кожата давајќи чувство на свежина
- Збогатен со Ресвератрол (екстракт од црвено вино), Тетрапептид и Пантенол.
- Наменет за сите типови на кожа.


Пакување: 200 ml 

SENSILIS® FACE CARE ноќна хранлива крема

Sensilis®  Face Care ноќната хранлива крема интензивно ја негува кожата на лицето во текот на ноќта, ги измазнува постоечките и ја намалува појавата на нови брчки и линии.                       

- За еластична и затегната кожа
- Збогатена со Тетрапептид, Ресвератрол (екстракт од црвено вино) и Провитамин Б5
- За освежена и нежна кожа наутро
- Наменета за сите типови на кожа

Пакување 50 ml

  SENSILIS® FACE CARE ДЕРМОГАЛ лосион за масна и проблематична кожа

Sensilis® Face Care Дермогал лосионот нежно ги отстранува нечистотиите, ги стега порите и ја подобрува текстурата на кожата. Салицилната киселина прави благ пилинг на кожата и ги чисти затворените пори.

- Прави благ пилинг и ги чисти порите
- Ги отстранува нечистотиите и ја oсвежува кожата
Пакување: 200 ml

 

 

SENSILIS® FACE CARE крема за нега на кожата околу очите

Sensilis® Face Care кремата за нега на кожата околу очите ја намалува појавата на темни кругови и брчки околу очите. Видливо ја затегнува кожата давајќи и свеж и блескав изглед.

- Ги намалува темните кругови околу очите
- За мазна кожа со младешки изглед
- Збогатена со витамини, екстракт од црвено вино и тетрапептид
- Наменета за сите типови на кожа

Пакување 25 ml

  SENSILIS® FACE CARE ДЕРМОГАЛ млеко за акни со преципитиран сулфур 5%

Sensilis® Face Care Дермогал млекото ја редуцира појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes, прави пилинг на кожата, ги чисти затворените пори и го отстранува вишокот на маснотии од кожа.

- Ја намалува појавата на акни
- Го отстранува вишокот на маснотии од кожата 
- Ги чисти порите
Пакување: 200 ml

 

SENSILIS® FACE CARE крема за осветлување на темни дамнки на кожата

Sensilis® Face Care кремата за осветлување на темните дамки на кожата со Ресвератрол (Екстракт од црвено вино) и УВ заштита ја намалува појавата на пеги, темни дамки и дамки предизвикани од стареење. Кожата изгледа посветла, а тенот воедначен. УВ заштитата ефикасно помага при спречување на понатамошно оштетување и пигментација предизвикани од сонцето.

- Ја осветлува кожата
- Ја намалува појавата на темни дамки и хиперпигментација
- За блескав изглед
- За хидратирана и еластична кожа
- Содржи SPF 15
- Наменета е за сите типови кожа

Пакување: 25 ml

 

SENSILIS®FACE CARE КЛИНДАЦИН лосион за акни

Sensilis® Face Care Клиндацин лосионот ја намалува појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата.

- Ја намалува појавата на акни
- Го отстранува вишокот на маснотии
- Ги чисти порите
Пакување: 200 ml

SENSILIS® FACE CARE КЛИНДАЦИН гел за акни

Ја намалува појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата.

- Ја намалува појавата на акни
- Го отстранува вишокот на маснотии
- Ги чисти порите
- Збогатен со екстракт од камилица


Пакување: 25 ml

 

SENSILIS® FACE CARE ХЛОРАКОЛ лосион за акни

Sensilis® Face Care Хлоракол ја редуцира појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата. Салицилната киселина прави пилинг на кожата и ги чисти затворените пори.

- Ја намалува појавата на акни
- Го отстранува вишокот на маснотии
- Прави пилинг и ги чисти порите


Пакување: 200 ml

 


 

SENSILIS® LIPCARE колекција за нега на усни
SENSILIS® LIPCARE WINTER FRESH, SUMMER CARE, FRUITY SHINE STRAWBERRY, FRUITY SHINE CHERRY, INTENSIVE CARE  стикови и путери за усни

ЗА УСНИ КОИ ОСВОЈУВААТ НА ПРВ ПОГЛЕД ...

Усните се посебно чувствителен дел од нашето тело. Надворешните фактори како ветерот и сонцето можат да ги направат Вашите усни суви и да го забрзаат нивното стареење. За време на летните и зимските периоди потребна е дополнителна заштита за усните. Sensilis® Lipcare колекцијата е вистинскиот избор. Sensilis® Lipcare колекцијата за нега на усни е збогатена со природно кокосово, рицинусово, бадемово и маслиново масло.

 

SENSILIS LIP CARE1 

SENSILIS® LIP CARE стикови за нега на усни
SENSILIS® LIP CARE стиковите за усни:
- Обезбедуваат висока нега и заштита во текот на летниот и зимскиот период
- За мажи и жени за сите генерации
- UVB филтрите ги заштитуваат усните од штетното сончево влијание и
последиците од истото, како предвремено стареење на усните
- Лесни и практични за употреба
Пакување: 5 ml
SENSILIS® LIP CARE путери за нега на усни
SENSILIS® LIP CARE путерите:
- Обезбедуваат висока заштита во текот на летниот и зимскиот период
- За мажи и жени за сите генерации
- Обезбедуваат висока нега и заштита на усните
- Со богата и мека структура
- Специјално наменети за суви и чувствителни усни
Пакување: 7 ml
Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia