Производи за ублажување на болката и отстранување на непријатностите

 

 reumagal-kolekcija

РЕУМАГАЛ®КОЛЕКЦИЈА

РЕУМАГАЛ® маст за реума
Реумагал® маста поседува вазодилататорно, благо анестетично, 
аналгетско, антисептично, експекторантно и антиинфламаторно 
дејство. Реумагал® маста нанесена на болното место на кожата 
има рубефациентно дејство. Ги стимулира кутаните рецептори што
доведува до ширење на крвните садови во мускулите и до забрзување
на протокот на крвта, предизвикувајќи чувство на топлина.
Проследено со слабото локално анестетично дејство,
доведува до ублажување на болките во мускулите и зглобовите.
Реумагал® маста по пат на инхалација, ги ослободува бронхиолите
од конгестија, правејќи го секретот потечен. Благодарение на 
зголемениот проток на крвта, како и антисептичното и
антиинфламаторното дејство на етеричните масла, Реумагал® 
маста ги ублажува воспалителните процеси во горните
респираторни патишта.
Реумагал® маста се користи за:
- Ревматски болки
- Болки во грбот, тетивите и мускулите (истегнување, исчашување
и нагмечување, спортски повреди кои не се придружени со
кожни лезии)
- Воспаление на грлото и горните дишни патишта, настинка, грип,
воспаление на синуси 
- Продуктивна кашлица и кивање придружени со хронично
воспаление на бронхите 
Реумагал® маста содржи комфор, ментол, мешавина од етерични
масла од еукалиптус, маточина и бор
Пакување: 90 g
РЕУМАГАЛ® Руска вода спреј и течност за реума
Реумагал® руска вода спреј и течност делува антиврематично, аналгетски и локално анестетски. Ја забрзува циркулацијата,
ги смалува отоците и ги ублажува болките на местата на кои се нанесува. Реумагал® руска вода спреј и течност се користи за :
- Ревматски болки
- Грб, врат и мускулни болки (истегнување , нагмечување, спортски повреди)
- Истегнувања, лумбаго и неуралгија
Реумагал руска вода спреј и течност содржи бензокаин, прокаин, хидрохлорид и ментол.
Пакување: спреј/течност: 120 ml/ 100 ml
 
HEADGAL
HEADGAL® стик за главоболка
Активната компонента на која се должи дејството на Headgal®
е ментолот. Ментолот се добива (екстрахира) од билката нане.
Ментолот предизвикува локални кожни сензации како ладење
и пецкање на местото на апликација по кое следи аналгетско
дејство (олеснување на главоболката).
Headgal® стик за главоболка:
- Може да се аплицира почесто по потреба
- Практичен и лесен за употреба и носење
- Не остава боја или масно чувство на кожата после апликација,
можете да го нанесувате под и над шминка
Пакување : 4g
  
 venogal
ВЕНОГАЛ® крема за вени 
Веногал кремата ја подобрува венската циркулација, ги 
намалува отоците и воспалението, со што ги ублажува
болките и го намалува чувството на напнатост и тежина
во нозете. Дејството на Веногал® кремата произлегува од дејството на
екстрактот на семето од див костен кој има антиедематозно,
антиексудативно, вазопротективно, антифлогистично и анестетичко
дејство. Тој го зајакнува тонусот на венските ѕидови, со што ја
подобрува венската циркулација, ја намалува пропустливоста
на капиларите, ја зајакнува нивната отпорност и го инхибира
настанувањето на отоци. Маслото од невен има антиинфламаторно,
антибактериско, антихеморагично и антисептично дејство. Покрај тоа
Веногал® кремата содржи и етерични масла од рузмарин, смрека
и лаванда кои со своето антисептично, антиинфламаторно и
антимикробно дејство го дополнуваат ефектот на екстрактот на
семето од див костен. Веногал® кремата се употребува:
- За ублажување на непријатностите и симптомите кои се последица
на помали нарушувања на периферниот крвоток (венски застој,
инфламаторни и варикозни болести на вените, тешки и отечени нозе
поради долго стоење или одење и отоци)
- За побрза ресорпција на хематоми (модрици) кои настанале како
последица на удар или по инфузии или инјекции  
Пакување : 10g
 
 ihtigal
ИХТИГАЛ® маст за чиреви
ИХТИГАЛ® маста за чиреви:
- Помага при воспалителни и гнојни процеси на кожата
- Ефикасно ги ублажува кожните инфекции
- Го смирува чешањето и ја подобрува циркулацијата
Ихтигал® маст поседува антибактериско, антиинфламаторно
и кератопластично дејство. Се употребува при кожни
проблеми апцеси, чиреви, екзема, лишаи, иритации,
воспаленија, гребнатини и слични оштетувања на кожното ткиво.
Пакување : 20 g
 
 hemogal
ХЕМОГАЛ® маст за хемороиди
Активните состојки на екстрактот од семето
на див костен поседуваат антиедематозно,
антиексудативно, вазопротективно, антифлогистично
и анестетичко дејство, со што ја подобруваат венската
циркулација. Го зајакнуваат тонусот на венските ѕидови
со што го отстрануваат венскиот застој и ја намалуваат
пропустливоста на капиларите, ја зајакнуваат нивната
отпорност со што го инхибираат настанувањето на
отоци. Маслото од невен поседува противвоспалително,
антибактериско, антихеморагично и антисептично дејство.
Комбинацијата на алантоин и невеново масло го
стимулира обновувањето на оштетеното ткиво и ја забрзува
епителизацијата. Алантоинот поседува и адстрингентно дејство.
Бисабололот го намалува воспалението, ги ублажува кожните
иритации и го дополнува ефектот на алантоинот и маслото
од невен. Хемогал® маста се употребува за ублажување на
непријатностите поврзани со хемороидите како болка, печење
и чешање.
Пакување: 20 g
 skabigal-tecnost
СКАБИГАЛ® емулзија за шуга и срамни вошки
Скабигал® е наменет за третман на скабиес (шуга) и
педикулозис пубис (срамни вошки). Производот претставува
ектопаразитицидна емулзија (скабицид, педикулоцид).
Производот содржи бензил бензоат кој делува токсично на
предизвикувачот на скабиес (Sarcoptes scabiei) и педикулоза.
Го намалува чешањето, особено помеѓу прстите, над дланките,
под пазувите, ингвиналното подрачје и гениталиите.
Не е токсичен и не ја надразнува кожата.
Пакување: 100 ml
HIPEROGAL VAGITORII

ХИПЕРОГАЛ® плус вагитории со екстракт од

кантарион

Хиперогал®  вагиториите поседуваат против воспалително,

антимикробно дејство и ја забрзуваат

епителизацијата на оштетената слузница. Хиперогал®

вагиториите се препорачуваат за олеснување на симптомите

при воспалителни процеси на вагиналната слузница, проследени

со зголемен вагинален секрет, исто така се препорачуваат и за

забрзување на епителизацијата на оштетена слузница како

последица на различни инфективни процеси.  

HIPEROGAL PLUS

ХИПЕРОГАЛ ® плус вагитории со екстракт од

кантарион и невен и со масло од чајно дрво

Хиперогал® плус вагиториите поседуваат против воспалително,

антимикробно и антифунгално дејство и ја забрзуваат

епителизацијата на оштетената слузница. Хиперогал® плус

вагиториите се препорачуваат за олеснување на симптомите

при воспалителни процеси на вагиналната слузница, проследени

со зголемен вагинален секрет, исто така се препорачуваат и за

забрзување на епителизацијата на оштетена слузница како

последица на различни инфективни процеси. Хиперогал® плус

вагиториите се препорачуваат и за жени склони кон честа

појава на габични инфекции, за олеснување на симптомите

предизвикани од Candida Albicans (вагинална кандидијаза).

 

dentogal-kapki
ДЕНТОГАЛ® капки за ублажување на забоболка
ДЕНТОГАЛ® капките за ублажување на забоболка:
- Ефикасно и брзо го ладат и смируваат болното место
- Ги ублажуваат локалните воспаленија
- Лесно се нанесуваат
- Содржат избалансирана комбинација на активни компоненти
еугенол, камфор, ментол) кои делуваат локално антисептично,
анестетично и аналгетично. Дејството на Дентогалот® се должи
на активните компоненти во капките: камфор, еугенол (главна
активна компонента на етеричното масло од каранфилче) и ментол.
Камфорот и ментолот аплицирани локално ја намалуваат болката, а 
поседуваат и антибактериско и антисептично дејство. Еугенолот
поседува антисептично, бактериостатско и локално аналгетско дејство. 
Пакување: 10 ml
Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia