ЈЕКОГАЛ®  колекција со рибино масло

JEKOGALKOLEKCIJA

 

ЈЕКОГАЛ® рибино масло без вкус и со вкус на јагода, банана, лимон

Рибиното масло е богато со витамините А и Д, како и со есенцијални незаситени масни киселини. Овие активни состојки учествуваат во општиот метаболизам на организмот и се неопходни за правилен раст и развој на децата, нормално окостување на скелетот и развој на забите, зголемена отпорност кон инфекции, добро функционирање на видот.

ЈЕКОГАЛ® рибино масло се препорачува како додаток на исхраната на деца и возрасни:
- При недоволно внесување на витамините А и Д со редовната исхрана, посебно во зимскиот и пролетниот период
- Поради зголемени дневни потреби во растот и развојот на децата
- При зголемена физичка активност
- За оптимално функционирање на одбранбената способност на организмот

Пакување: 100, 250, 500, 1000 ml

aaaa

ЈЕКОГАЛ® маст:

Рибиното масло е богато со витамин А, кој е неопходен за правилно формирање на епителните ткива и одржување на нивниот интегритет, витамин Д и есенцијални масни киселини. Ги забрзува процесите на регенерација на иритираната кожа и на кожа оштетена од топлински или хемиски агенси. ЈЕКОГАЛ® маста се употребува за олеснување и забрзување на епителизацијата и за нега на кожата.

Се препорачува за:
- Изгореници на кожата
- Рагади
- Црвенило
- Иритирана кожа
- Чувствителна бебешка кожа
- Сува, излупена и груба кожа
- Заштита од штетните сончевите зраци

Пакување:25 g

Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia