СИРУПИ за деца и возрасни

SIRUPI

 

МЕДОГАЛ® сируп со екстракти од корен на бел слез и херба на тимјан, за разни видови на кашлица

Медогал® сирупот содржи екстракти од корен на бел слез и херба на тимјан. Слузните материи кои ги содржи коренот на бел слез ја обложуваат воспалената слузница на устата и грлото, заштитувајќи ја на тој начин од дразби кои ја активираат кашлицата, додека активните состојки на екстрактот од херба на тимјан го стимулираат излачувањето на бронхијална слуз, го разредуваат густиот жилав секрет и го олеснуваат искашлувањето. Медот допринесува за зголемување на отпорноста на организмот. Медогал® сирупот се препорачува за ублажување на различни видови на кашлица и олеснување на искашлувањето при полесни воспаленија на горните дишни патишта, проследени со кашлица. Медогал® сируп е традиционален лек од билно потекло, чија употреба кај горенаведените состојби е базирана исклучиво на долгогодишно искуство.

Пакување: 100 ml

aaaaa

ПРИМОГАЛ® сируп со екстракт од корен на јаглика и херба на тимјан, за продуктивна кашлица

Примогал® сирупот има експекторантно, спазмолитично и благо антисептично дејство што се должи на присуството на активните компоненти. Активните компоненти на екстрактот од корен на јаглика, сапонините, дејствуваат експекторантно, го стимулираат излачувањето на слуз од бронхиите, го разредуваат густиот жилав секрет и го олеснуваат искашлувањето. Тинктурата од тимјан дејствува како експекторанс и бронхоспазмолитик. Тимолот (главната компонента на етерното масло од тимјан) поседува и антисептично дејство. Ментолот има благо антисептично и аналгетско дејство. Примогал® сирупот се препорачува за полесно искашлување кај настинка и грип проследени со кашлица.

Пакување: 100 ml

 

ПЛАНТАГАЛ® сируп со екстракт од тегавец, за ублажување на кашлица

Дејството на Плантагал® сирупот се должи на активните компоненти од екстрактот од тегавец, кои делуваат заштитно на слузницата на дишните патишта, антибактериски, антиинфламаторно, спазмолитички и имуностимулаторно. Поради благото антибактериско и антиинфламаторно дејство на активните компоненти, Плантагал® сирупот ги ублажува воспалителните, инфективни процеси на горните дишни патишта. Плантагал® сирупот се препорачува за сува, надразнителна кашлица која се препорачува при заболување на горните дишни патишта, сува кашлица кај пушачи и настинка проследена со сува кашлица.

Пакување: 100 ml

 

СЛЕЗОГАЛ ® сируп со екстракт од корен на бел слез, за ублажување на непродуктивна и иритирачка сува кашлица

Сирупот Слезогал® содржи екстракт од корен на бел слез (Althaeae radix) кој дејствува антитусивно (ја ублажува кашлицата) и протективно на слузницата на горните дишни патишта. Слезогал® сирупот се препорачува за ублажување на надразнителна сува кашлица која се јавува при заболување на горните дишни патишта.

Пакување: 100ml

Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia