За нас
![]() |
AA |
Галафарм е производствена компанија за козметички, диететски, хербални и ОТЦ производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Поседуваме долгогодишно искуство за равој, производство и пакување на голем број на течни и полу -цврсти фармацевтски производи, диететски производи, и козметика. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година. Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Пракса. ВИЗИЈА И МИСИЈА НАШЕТО МОТО |
||||||||||||||||
ИСТОРИЈА Галафарм е основана во 1991 година и оттогаш таа бележи евидентен развој. Во 1991 Галафарм отвора аптека во Скопје. Зголемената побарувачка за галенските производи доведе кон отворање на галенска лабораторија на Галафарм во 1993 година каде што течните и полуцврсти производи беа изработени на високо ниво. Воведување на нови производи во 1999 година резултираше со зголемување на продажбата и зголемено присуство на домашниот пазар. Во 2002 година, Галафарм учествуваше во на доделувањето на Меѓународната награда за квалитет во Женева, каде доби награда сертификат и златна звезда за квалитет во Женева. Во 2003 година Галафарм доби ISO 9001: 2008 сертификат за квалитет издаден од страна на организација за сертификација на квалитет во Австрија. Во истата година Галафарм се прошири надвор од Македонија со отворање на нова компанија во Србија. Галафарм започна изградба на нов производствен објект на три нивоа на површина од 2500 метри квадратни. Фабриката е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Пракса. Во јануари 2007 година, Галафарм доби сертификат за одобрение за производство, од македонската регулаторна агенција, за производство на фармацевтски и козметички производи во согласност со принципите на Добрата производна пракса. |
D ![]() |
|||||||||||||||||
ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ Иновативност и креативност... Галафарм воспоставува иновативна развојна структура која промовира креативност и развој на нови производи. Нови формулации се развиваат и постоечките производи постојано се подобруваат. Нашиот тим е секогаш во потрага по нови идеи, нови состојки и пакувања со цел да ја задоволиме потребата на купувачите и потрошувачите. Иновацијата е од огромно значење за да се достигнат потребите на потрошувачите кои имаат постојано зголемени очекувања и да истовремено се остане конкурентен на пазарот. |
![]() |
|||||||||||||||||
ПРОИЗВОДСТВО
|
|
|||||||||||||||||
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ Во современо опремените лаборатории, високо обучениот персонал се грижи за интегритетот и калитетот на нашите производи. Одржувањето на високи стандарди на квалитетот може да се гарантира само со постојано негово контролирање, модерни и напреднати инструменти. Нашиот високо квалификуван лабораториски тим е во постојана врска и одговара на барањата на Секторот Производство, врши континуирана контрола на квалитет на сите влезни суровини, (активни, помошни супстанции и амбалажа), како и контрола на готов производ. |
||||||||||||||||||
ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ Обезбедувањето на квалитет е еден од најважните процеси, особено кога се работи за човековото здравје. Галафарм ги имплементира следнаве принципи за Осигурување на Квалитет: - Планирање и креирање на бизнис систем за осигурување на квалитет ориентиран кон потрошувачот, се со цел да се зголеми довербата и задоволството - Преиспитување, ориентација и прилагодување кон пазарот, се со цел да се постигне поголема застапеност на истиот - Надоградување на технологијата за производсво се со цел да се достигне повисоко ниво на заштита на животната средина - Достава на исклучиво квалитетен производ до ценетиот потрошувач со што само ќе се потврди и зајакне името на компанијата во полето на Фармацијата и Козметологијата - Изградба на долготрајно и коректно партнерство со други компании од полето на фармацевтската и козметичката индустрија, што ќе придонесе за достава на суровини и производи со квалитетен состав - Идентификација и Елиминација на сите недостатоци што на некој начин може да доведат до губиток на пазарот и потрошувачите - Сите активности во Галафарм се изведуваат со тимска работа, а вработените се овластени да превземаат одговорности во рамките на своите овластувања |
|
|||||||||||||||||
МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
Целта на Галафарм е задоволство и доверба на потрошувачите, преку остварување на комуникација и следење на нивните потреби и барања. Активностите на маркетинг секторот се фокусираат на следново:
- Брзо прилагодување кон промените на пазарот
- Подобрување на достапноста на производите - Следење на барањата на купувачите и трендовите на маркетингот - Активна промоција на брендот на нашата компанија и производи, со цел купувачите да донесат свој избор. Маркетинг активностите фокусирани на купувачите во Македонија вклучуваат: промоција на производите преку директна комуникација со купувачите и потрошувачите, различни типови на унапредување на продажбата и други промотивни активности.
ЗАСТАПЕНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
Производите на Галафарм се широко застапени низ целата земја. Купувачите на нашите производи се аптеки кои придонесуваат 70 % од вкупната продажба (со целокупната производна програма) и маркетите кои придонесуваат 30% од вкупната продажба (со козметички производи). Галафарм има потенцијал да се прошири на пазарот бидејќи има пониски цени од странските производи и голем квалитет на производите.
ЗАСТАПЕНОСТ НА СРПСКИОТ ПАЗАР
Галафарм Белград е екслузивен импортер и дистрибутер на Галафарм производите на Српскиот пазар од 2004 год. Нашите производи се дистрибуирани на српскиот пазар и истите се претставувани преку различни маркетинг активности.
НОВИ ПАЗАРИ
Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистрибуционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Бугарија, Албанија, Црна Гора и Косово. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на пазарот.
|
|
![]() |
||||||||||||||||
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
- Посветеност на персоналот
Галафарм обезбедува сигурна и безбедна работна средина, ги поттикнува вработените да го достигнат својот потенцијал како и да ја превземат одговорноста за сработеното. Посветени сме на надоградување, наградување, и задржување на таленти. Секогаш ке постои опсег на дозволени добра кои им стојат на вработените со цел да се излезе во пресрет на нивните барања и надоградувања во рамките на својата стручност.- Култура и вредности Му придаваме значење не само на она што сме го постигнале, туку и на неговото имплементирање и надоградување во фазите на производството. Интегритетот и транспарентноста се во сржта на нашите одлуки и се содржат во понатамошните одлуки. Работната средина во Галафарм се карактеризира со следните вредности: - Иновативност и креативност - Фокусираност кон потрошувачите
- Транспарентност
- Интегритет
- Тимска Работа
- Споделување на знаењето и искуството
|
|
Нашата мисија им помага на вработените да се соочат со предизвиците и да се фокусираат на целта.
Спроведувањето на овие вредности во практиката значи дека: - Поедноставуваме и се фокусираме - Ги иницираме, исполнуваме и живееме со новите предизвици - Носиме навремени и заеднички одлуки - Комуницираме отворено и без никакви предрасуди - Го помагаме и охрабруваме развојот на личноста Апликација
Ве молиме аплицирајте преку интернет со испраќање на Вашето CV на следнава адреса e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
||||||||||||||||
БИЗНИС МОЖНОСТИ
Производство по договор Вашиот компетентен партнер за течни и полуцврсти дозажни форми и блистер пакување. Ако очекувате вашиот производ да биде произведен со грижа и професионалност, ви нудиме Производство по договор што ќе ги оствари вашите барања. На овој начин нашите клиенти ќе можат да го фокусираат своето внимание и финансиски средства маркетинг и продажба на нивниот производ. Вие ќе ја избегнете огромната инвестиција потребна за отпочнување на производствениот процес. Ефективната комуникација е најважниот фактор во изградба на успешна соработка со нашите клиенти. Галафарм се обврзува да ги произведе Вашите производи со најсовремени решенија и исклучителна посветеност на деталите. Нашиот производствен капацитет ги нуди следниве можности: - Комплетно производство и пакување на раствори, сирупи, суспензии, масла, креми, масла за рани, гелови, супозитории и пудри - Комплетно обезбедени и заштитени простории од експлозија за производство на производи базирани на алкохол |
![]() |
|||||||||||||||||
Пакување по договор |
||||||||||||||||||
Преставништва
|
![]()
|