Галафарм е формирана во 1991 година и одтогаш па до денес бележи евидентен развој.

Во 1991 година се отвара аптека во Карпош 3 во Скопје.
Богатата снабденост со лекови, козметика и детска програма се едни од карактеристиките на аптеката, но изработката на квалитетни магистрални препарати во голем обем  диктираше отварање на галаенска лабораторија за полуцврсти и течни препарати во 1993 година.

Во 1999 година ја збогативме производната програма со нови производи што доведе до проширување на компанијата и поголема застапеност на нашите производи на македонскиот пазар.

Во 2002 година го добивме сертификатот и златната ѕвезда за квалитет во Женева.
Во оваа година се инвестираше во едукација на персоналот преку интерна обука за воведување на системот за квалитет и се додели првата специјализација за испитување и контрола на лекови. Во истата година дојде до реализациај на целта за создавање на еден деловен систем на менаџмент и се формира менаџерски тим на Галафарм.

Во 2003 година го добивме сертификатот ИСО 9001: 2000 за квалитет од страна на еминентната сертификациона организација OQS од Виена. Во оваа година започнавме со реализација на проектот за извоз со испраќање на првиот комерцијалист во Србија како претставник на тамошниот пазар.
Денес Галафарм ДОО Белград е успешна фирма со повеќе вработени

Во 2004 година започнавме со изградба на фабрика со површина од 2500 м2 на три нивоа.
Фабриката се дизајнираше, градеше и опреми во согласност со најсовремените барања на Добрата Производствена Пракса ( GMP) и најстрогите барања  за заштита на човековата средина ISO : 14 000.

2007 година е успешна година за Галафарм посебно затоа што е првата година во која што се работи во новиот објект за производство. Во јануари 2007 година Галафарм добива дозвола за производство на фармацевтски и козметички производи во согласност со Добрата Производствена Пракса. Бројот на вработените значително се зголеми заради подобрување на организационата структура и добивање на поголема контрола над сите процеси. Продажбата на Галафарм производите во Македонија и надвор од неа беше двојно зголемена како резултат на подобрениот квалитет на производите, произведени под новите контролирани услови и како резултат на добро обучените претставници на Галафарм.

Денес, после 17 години Галафарм е успешна фирма со 60 вработени од кои 25% се високо стручен кадар од областа на фармацијата.

 
  iso 9001:2000 OQS International star for quality